Грепка на двајца кумановци им донесе по 20.000 денари

Двајца кумановци го збогатиле својот буџет со добивки од 20.000 денари од инстант лозот „Со среќа“, информира на својата фејсбук страница Државната лотарија.

Во првиот случај кумановка купила 5 инстант лозови „Со среќа“ за неа и нејзините внучиња. Во вториот случај пак бројот 24 од истата грепка исто така ги разубавила претстојните новогодишни празници на едно семејство од градот. Кумановец купил 3 лоза од исто продажно место и сите биле добитни. Два лоза имале добивка замена, а третиот лоз му ја донел една од главните добивки 20 000 денари.  

Покрај грепката Со среќа, огромен е интересот кај кумановци и за останатите инстант лозови, Златна рипка, Златна треска, Сеф, Среќен роденден, Аладинова ламба, Дијамант, Еко скутер, но и за најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија , Мини и Макси.

Овој лоз нуди 10 автомобили БМВ X1 и 5 автомобили МИНИ ОНЕ. Играта е едноставна и динамична. Во 9-те полиња за гребење треба да се откријат три исти симболи на БМВ X1 или три исти симболи на МИНИ ОНЕ за добивка автомобил. Или, пак, треба да се откријат три исти износи за парична добивка. Покрај автомобилите, лозот нуди и 20 добивки по 50.000 денари и други парични добивки.

Од државната лотарија ги повикуваат граѓаните да не ги одминуваат среќните места, да го побарате новиот лоз МИНИ И МАКСИ кој за МИНИ инвестиција од 80 денари може да им донесе МАКСИ добивка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)