ГРОМ апелира СДСМ да го одложи протестот

Да се одложи најавениот собир на СДСМ, кој е закажан за 17-ти мај, побараа од ГРОМ. Од општинската организација сметаат дека масовниот собир може да ја загрози безбедносната состојба во државата, која по случувањата во „Тоде Мендол“ е нарушена.

-Го почитуваме ставот да не го признаете Парламентот и да не учествувате во неговата работа. Го почитуваме вашиот став за непризнавање на претседател на државата, но во исто време ве почитуваме како наша локална власт и не ве бојкотираме и не ве негираме-додаде тој.

Според нив тркалото на инатење мора да се прекине, затоа што  сметаат дека на секоја навреда доаѓа контранавреда, на секоја закана доаѓа контразакана, а на секој митинг доаѓа контрамитинг, а тоа на државата не и е потребно.

-Оваа прес-конференција на ГРОМ ја користиме и да повикаме на разум, да повикаме на единство, да повикаме на мир. Ги замолуваме сите политички чинители на одговорно однесување, постапки и изјави. Не е време за кавги, навредени, закани и инает-изјави Зоран Петрушевски од ГРОМ.

Од ГРОМ изразија сочувство кон семејствата на загинатите бранители, кои пред неколку дена ги дадоа животите за одбрана на државата. Тие наведоа дека освен припадниците на безбедносните сили кои активно учествуваа во решавање на проблемот, и граѓаните од сите етнички заедници, со позитивниот однос кон состојбата придонесоа да се извојува победа.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)