ГРОМ бара споменик за загинатите од Диво насеље

Општинската организација на ГРОМ Куманово соопшти дека ќе бара да се изгради спомен обележје во градот, во чест на загинатите 8 полициски службеници, при минатогодишната акција во Диво насеље. Нивниот предлог ќе биде поднесен до Советот на општина Куманово, како единствен надлежен орган кој може да донесе одлука за тоа прашање. Од ГРОМ нагласија дека 9-ти мај не смее да се заборави, како и 8-те бранители кои давајќи ги своите животи, дадоа голем придонес битката со тероризмот да заврши без цивилни жртви и со победа на непријателот.

-Ова спомен обележје ќе ја симболизира желбата на сите нас за мир, слобода и соживот, на сите граѓани кои живеат во Република Македонија. Ќе придонесе да им се поклониме на 8-те херои и да искажеме сочувство и почит кон нивните семејства. Но, ова спомен обележје ќе претставува симбол на гордоста и одлучноста во битката за нашата земја и државата-изјави Марта Цветановска, портпарол на ГРОМ.

Од ГРОМ нагласија дека спомен обележјето ќе ги потсетува идните поколенија на храброста на нашиот народ, но и ќе порачува дека на иста пречка ќе наиде секој кој ќе се осмели да ја загрози безбедноста, територијата, интегритетот и суверенитетот на Република Макеоднија. Тие потсетија дека 9-ти мај има пошироко регионално и глобално значење.

-Со паради и маршеви Европа и светот се сеќаваат на 9-ти мај како ден кога завршува Втората светска војна. Нашиот народ зазеде активна улога давајќи огромен број жртви кои се вградија во темелот на совеременото и цивилизирано демократско живеење. Истите ни даваат за право да се гордееме со фактот дека бевме на вистинската страна на страната на мирот, слободата, човековите права и достоинството-наведе Цветковска.

Според нив 9-ти мај како Ден на Европа ја симболизира Европската приказна. Тоа е важен датум кога е започнат долгиот процес на сеевропската интеграција која денес го има обликот на Советот на Европа, каде што Македонија е рамноправна членка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)