ГРОМ: Има ли „Водовод“ план за излез од финансиската криза?

Кумановци летово може да останат без вода, поради долгот на јавното претпријатие „Водовод“, сметаат од ГРОМ. На денешната прес-конференција тие истакнаа дека загрижено ја следат драмата со долговите, кои што ги има претпријатието кон Кумановско-липковско поле и ЕВН, во висина од над 2 милиони евра. Иако директорот смирува дека ќе можат да обезбедат сигурно и континуирано водоснапдување на градот, тие тврдат дека се уште нема конкретен план.

-Повикуваме на разум и одговороност на сите надлежни институции, а тука пред се мислиме на Советот на Општината, градоначалникот на Куманово, Управниот Одбор и менаџментот на ЈП „Водовод“, но и на сите надлежни министерства и од сите нив бараме да изготват јасен план, за тоа како сите ние ќе излеземе од оваа ситуација или јасно и гласно да кажат до каде се нивните капацитети, сили и знаење за овој најголем проблем пред кој е исправена нашата Општина-изјави Зоран Петрушевски од ГРОМ.

Од ГРОМ повикаа што поскоро да се реши проблемот со вода, бидејќи сметаат дека тој е поголем од сите политички бомби, митинзи или изборни победи и порази.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)