ГРОМ: СДСМ користи општински имот за партиски цели

Од општинската организација на ГРОМ денеска го прашаа претседателот на советот на општина Куманово и кандидатот за пратеник, Максим Димитриевски зошто дозволил во салата во која што се одржуваат седниците да се злоупотребува за партиски цели.

-Сите граѓани гледаат дека секоја вечер во таа сала светат  светилките и ги изготвувате вашите мудри планови. Општинскиот имот не е вашиот имот господине Димитриевски ниту е имот на вашата партија. Па така ли се спроведува кодексот за фер и демократски избори кој го потпишаа сите учесници на изборите па и вашата партија. Напуштете  ја таа сала и тоа веднаш-истакна Емилија Арсиќ од ГРОМ.

Инаку ГРОМ на претходната прес конференција јавно ги праша кандидатите за пратеници од СДСМ, Оливер Спасовски, Максим Димитриевски и Лидија Тасевска, да кажат дали даваат поддршка на идеите на нивниот претседател за како што велат двојазичност, федерализација, промена на Уставот и името на Република Македонија. Додаваат дека од промоциите на приказните наречени План за живот, заклучуваат дека се согласуваат со претседателот и ќе се „борат“ за разнебитување на државата.

-Каков е вашиот план за границите на таа идна федерализација и каков е вашиот план за Куманово. Ќе го делите ли градот, на колку дела и каде ќе поминуваат границите или онака ќе го сместите во некоја федерална единица. Додека да одговорите да Ви испратиме една порака. Па не е нашата држава Ваша дедовина, па да ја кроите и прекројувате онака како што сакате, само да им угодите на некои туѓи интереси и да дојдете до некој глас од граѓани кои можеби и не се свесни за последиците од разорната политика која Вие ја нудите-потенцираа од ГРОМ.

Од ГРОМ предлагаат кандидатите за пратеници на СДСМ да се повлечат од изборниот процес, а до граѓаните упатуваат порака доколку истите јавно не се оградат од идеите за разнебитување на државата, со гласање да им покажат дека тоа се антидржавни ставови и политики.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)