ГРОМ со прашања до кандидатите за пратеници на СДСМ

Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија не се согласува и ги осудува изјавите на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека ќе се менува Уставот, Република Македонија ќе стане двојазична и дека државата е виновна за сите меѓународни проблеми. Од ГРОМ истакнаа дека ваквите ставови ги оценуваат како штетни и опасни за државата. Тие јавно ги прашаа кандидатите на СДСМ на претстојните паралментарни избори во изборната единица 2, Оливер Спасовски, Максим Димитриевски и Лидија Тасевска дали се ставовите од претседателот на партијата се и нивни, дали се утврдени во статутот, програма и дали ќе се стремат за тоа доколку победат или изгубат.

-Дали лично Вие, со Ваше име и презиме, цврсто стоите позади ваквите ставови, ги одобрувате и ќе ги промовирате за време на изборната кампања. Дали Вие, во Вашиот политички ангажман во иднина ќе се залагате и ќе ги реализирате идеите за промена на Уставот на Република Македонија, обвинување на Македонскиот народ, воведување на двојазичност и промена на името на Нашата држава и Нашиот народ-истакна Емилија Арсиќ, од ГРОМ.

Од општинската организација на ГРОМ нагласија дека овие прашања ги интересираат граѓаните на Куманово, бидејќи треба да одлучат за кого ќе гласаат.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)