Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски повторно е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 15-от конгрес на партијата, кој викендов се одржа во Куманово. Со 528 гласа „за“ и едно неважечко ливче, тој доби поддршка уште четири години да ја предводи партијата. Старо-новиот лидер пред присутните најави дека во наредниот период ќе се посвети на намалување на невработеноста и подобрување на економијата.

-Она што сакам да го ветам како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како партија на власт, дека ќе продолжам да вложувам максимални напори на отворање што повеќе работни места во земјата. Со тоа и на решавање на проблемот на невработеноста, како најгорчлив проблем на нашите граѓани -рече Груевска.

Тој нагласи дека планира да даде посебно место на поттикнувањето и развојот на иновациите, отворање на технолоши развојни зони, квалитетот на образованието и развој на земјоделството. Груевски наведе дека постојат теми за кои што мора да бидат согласни со опозицијата, и дека нив не треба да ги користат за  дневната политика.

-Има пет теми за кои власта и опозицијата, треба да имаат меѓупартиски консензус и партиски договор. Со кој нема да дозволиме да се води дневната политика и меѓусебни сопки, собирање на дневно политички поени. Таквиот договор доколку опозицијата е спремна да го прифати, ќе ни донесе голем напредок како држава. Ние го нудиме тоа. Тоа се следниве 5 работи:максимално висок квалитет во образованието, инвестициите и претприемаштвото и мерките за олеснување на бизнисот, второ, прашања поврзани со стабилноста на земјата, меѓуетничките односи и безбедноста на земјата, трето, проблемот со името, четврто отварање на работни места и пето, повисоки стандарди во секоја сфера и во секој сектор, -рече Груевски во обраќањето.

Премиерот наведе дека ќе се градат патните правци Градско-Прилеп, Кочани-Штип, Охрид -Пештани, и многу локални патишта, а следната година и патиштата од Ранковце кон Бугарија и од Штип кон  Радовиш.  Тој се надева дека ова ќе ја раздвижи економијата и ќе ја зголеми вработеноста

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)