Групни венчавки во Бедиње

Брачните парови кои немаат склучено црковен брак тоа можат да го сторат бесплатно  на 10 мај во црквата Света Петка во Бедиње. Втора година по ред Кумановско-oсоговската eпархија организира групни венчавки. Иако досега нема пријавени за оваа манифестација, сепак надлежните се надеваат дека ќе се одржат групните венчавки, кои во недела треба да започнат во  10 часот и 30 минути.

-Може да се обратат во било која црква во нашата епархија, ги покануваме и оние што се надвор од Куманово, можат да дојдат, да се пријават за да врз нив биде извршено венчавање црковно, од било која причина тие да не успеале во минатото тоа да го направат сега ја имаат таа можност. За сите подетални информации во било која црква на Кумановско -oсоговската eпархија можат да се обратат. Сите оние кои имаат свој кум можат да донесат кум, а оние кои немаат некој симболично ќе биде, сепак целта е да се изврши венчавката , изјави отец Антониј Стојковски

Овие венчавки се наменети за граѓаните од сите возрасти.

-Имаше буквално од 30 до 70 години, околу 15 парови се венчаа лани, едноставно беше несекојдневно чувство да видите и помлади и постари брачни парови кои се венчаваат, изјави отец Антониј Стојковски

Освен венчавки, за првпат годинава Кумановско-oсоговската eпархија ќе организира и групни крштевки . Надлежните ги повикуваат граѓаните кои од било која причина не се крстени тоа да го сторат на 06 јуни, со претходно пријавување во некоја од црквите на епархијата, каде што ќе добијат  и подетални информации за крштевањето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)