Грчева: Ќе се бориме против корупцијата

Жестоко ќе се бориме против корупацијата и партизацијата на институциите. Парите ќе ги вратиме во народната каса, а крадците ќе бидат зад решетки, истакна претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева на средбата со кумановци. Таа посочи дека во нивната програма клучни се образованието и здравството.

Обрнуваме внимание на националната економија, малите, средните претпријатија и храбро кажуваме дека нам администрацијата ни е огромна. Ние ќе ја намалиме барем за 30 проценти за три години ќе ја намалиме, предност ќе дадеме на мали, семејни фирми и средни претпријатија. Клучно ни е образованието и здравството кое гледате каков колапс доживува овие денови мораме овие системи да ги дигнеме да живееме нормално-истакна таа.

Грчева посочи дека глас за Македонија е светол пример за родова еднаковост, бидејќи од пет носители 4 се жени.

-Народот кај нас е претворен во обичен гласач од кој се бара доверба на некоја година но не тој мора постојано да ги носи клучните одлуки за што имаме вградени механизми со големи промени во политичкиот систем кои ги предвидуваме и тој мора да контролира каде се трошат неговите пари-дополни Грчева.

Носителката на листата во Изборна единица 2, Адриана Богдановска Тоскиќ вели дека многу важни се националните прашања.

-Битни ни се националните прашања но главниот фокус ќе ни биде на департизација на државата на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и силна борба со корупција не само институционалната туку и корупцијата на духот што владее-истакна таа.

Во програмата Силата кај народот на Глас на Македонија е обрнато внимание и на промените во политичкиот систем, една изборна единица во државата, департизација на институциите, промена на законот за јавни претпријатија, земјоделството, екологијата, медиумите.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)