Дамјановски:За проблемот општината не е надлежна

Тоа е катастарска парцела доделена на нивниот финансиски поддржувач на ВМРО ДПМНЕ пред 10 години, а тоа е АД Простор со директорот Чедомир Теодосиевски и на мое жалење и зградата која беше изградена изненадувачки во тој период  која беше условена со катна гаража, нема технички прием, нема употребна дозвола токму  заради тоа што не е средена катната гаража која беше услов за да се даде дозвола пред  15 години за таа зграда и мислам дека треба вистината да ја бараат во своите редови. Мислам дека одговорот на тоа прашање најдобро ќе го добијат кај менаџерскиот тим на АД Простор бидејќи таа катастарска парцела е нивна, имаат обврска да експроприраат уште две куќи,  да ја направат таа катна гаража, а на тој начин и хаосот и естетското уредување ќе биде постигнато и нема да се срамиме од овие јавни институции кои опслужуват најголем процент од граѓаните на Куманово, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)