Дамјановски: Возилата на „Чистота “ дигале комунална опрема

Антикорупциската комисија оценила дека е основана претставката поднесена од Коалицијата „За подобра Македонија“  против СДСМ  и коалицијата, општина Куманово,  градоначалникот на општина Куманово и ЈКП Куманово . Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП Куманово и претставници на СДСМ и Коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите користејќи службени возила и вработени од јавното комунално претпријатие Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал за партиски цели на СДСМ и Коалицијата. Заедно со приговорот доставени се и фотокопии од фотографии, објава од текстови од медиуми и видеа на ЦД.

Државната комисија за спречување на корупцијата заклучила  да му се препорача на ОЈО Скопје како надлежен орган да преземе мерки и активности за испитување на наводите во нив и да достави комплетна информација до Комисијата.

Во врска со ова, градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека не знае за што конкретно се работик, но јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е јавно претпријатие основано од општината, кое што други  го менаџираат.

-Не се оградувам од одговорноста, меѓутоа сакам да напоменам дека јавното претпријатие најверојатно на вчерашната прес конференција дознав дека возилата на Чистота ја дигале комуналната опрема, тоа се некои тезги кои биле поставени на тие локации, тоа е нивна задача. Ако имало таква интервенција тоа ќе се докаже во постапката, максимално сум претпазлив да не се злоупотребуваат ресурси на општината во кампањата на Социјалдемократскиот сојуз. Ние денеска направивме увид на сите места каде имаме поставување непрописно и инспекцијата на терен ќе направи записник и ќе постапи по записникот за отстранување  на евентуални недозволени позиции, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Дамјановски посочува дека локалната самоуправа максимално сака да обезбеди услови за фер и демократски избори и очекува дека на 11 декември ќе има  фер гласање од граѓаните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)