Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги посети поплавените жители во населба „Сингелиќ“. При посетата тој достави механизација составена од еден скип, багер, два камиони, пумпа за фекалии и вода, нисковлекачка приколка и возило за превоз на работници.
Утре ќе се донираат средства за дезинфекција. Градоначалникот оствари средба и со неговиот колега, Коце Трајановски со кој извршија консултации во кој дел треба да се интервенира.