Дамјановски: Вработените не го прекршиле законот

Постапката на Секторот за урбанизам е водена според правилникот за издавање на решение за градба и се запазени сите процедури од деталниот урбанистички план, истакна првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, откако двајца вработени добија кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење. Дамјановски тврди дека вработените професионално си ја извршиле работата и навремено ги известиле сите засегнати во случајот, па поради тоа нема прекршување на законот. Тој додава дека со ваквите постапки се руши угледот на општината, но пред се дискредитираат вработените.

 

-Јас давам за право како човек која ја води општината да ги отвориме вратите за целосна и комплетна истрага, но не во оваа насока да не се согледаат вистините од двете страни. Ќе оставиме истрагата да открие, немаме намера ниту пак сакаме да влијаеме на процесот, но кога ќе заврши истрагата ќе поднесеме кривична пријава против сите чинители во оваа креирана невистина-нагласи тој.

Началничката на Секторот за урбанизам при Општина Куманово, Лидија Ланг Спасовска тврди дека кривичните пријави се однесуваат за одобрение за градба од 2011 година за колективен станбен обејкт. Според неа решението за градба е издадено согласно деталниот урбанистички план, кој е усвоен од страна на советот на општината. Нагласи дека од подносителите на кривичната пријава е покрената иницијатива за утврдување на установноста и законитоста за планот, која управниот суд ја одбил како неоснована.

-Ние согласно законот за градба сме должни откако ќе го потпишеме решението за градба да ги известиме непосредните соседи и тие имаат определен законски рок во кој можат да издадат жалба и истата да се процесуира до второстепените органи кои треба да ја утврдат точноста и законитоста на самата постапка.  Од страна на референтот подносителот на кривична пријава е два пати известен, еднаш е известен пред добивање на одобрение за градба и тој има дојдено во самите простории на општината, за да подоцна откако ќе биде издадено одобрение истиот биде повторно повикан согласно закон, тој не доаѓа не се јавува на определен рок и од страна на референтот е одредена правосилност-нагласи таа.

Спасовска додаде дека секторот  постапувал согласно законот и во ниту еден момент не го прекршил законот за градба. Таа вели дека со оваа постапка се дискредитираат вработените во локаланта самоуправа. Министерството за внатрешни работи вчера објави дека против две лица вработени во општина Куманово се поднесени пријави бидејќи се осомничени дека постапувале спротивно законот за градење, со цел да им овозможат на тројца инвеститори да добијат одобрение во најкус можен рок. Тие наводно направиле пропуст во делот на известување на најмалку тројца непосредни соседи, кои требало да извршат увид во односниот проект, а изготвиле одобрение за градба.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)