Дамјановски го посети Тетово

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски заедно со координаторот на советничката група на ДУИ во Советот, Ридван Асани денеска ја посетија Општина Тетово.

Тие остварија средба со  градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи на која и  изразија жалење за ситуацијата во која се најде градот поради поплавите што се случија изминатите денови.

Заедно ги посетија поплавените краеви и разговараа со жителите. Инаку Општина Куманово на вонредна седница што се одржа во среда одвои 500.000 денари од својот буџет за санација и поддршка на општетените домови и инфраструктурата.

11840145_10204973773371169_1187792472_o

11853057_10204973771251116_1340503988_o

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)