Дамјановски: Нема малверзации со училишниот превоз

„Не постојат никакви малверзации со училишниот превоз во градот. Станува збор за небулози, со цел да се прекријат грешките на нивните градоначалници“, истакна првиот човек на Куманово Зоран Дамјановски, одговарајќи на обвинувањата од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Тој нагласи дека договорите се достапни на страницата на Бирото за јавни набавики и секој граѓанин може да ги види. Воедно потенцираше дека е подготвен за овој проблем да излезе и на ТВ дуел со претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Одговорно тврдам  пред целата јавност дека калкулираат со бројки на годишно ниво, на сметка на компарација на дневно ниво, со што нема никаква врска ниту вистина, еден километар на превоз чини помеѓу 4, 8 до 5,2 денар зависно од дестинација. Сакам да ве информирам дека ниту една карта на ученик не е поскапа од таа цена, по километар, имаме разлика поради положбата од каде ги возиме. Превозниците некогаш возат и со празни места бидејќи тоа се места до приградските населби затоа на две возења има четири одења. Замислете некој 1250 пати да дал поголема карта, не знаат од каде се тие пари, тоа се наменски дотации кои се даваат од централниот буџет, и тие се под строга контрола, па кој може ако некој му предвидел пари со проценка од Министерство за финасии, во тој габарит на средства да даде цена повисока 1200 пати, тоа е не можно-истакна Дамјановски.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)