Дамјановски: Работиме на решавање на проблемите

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги користи локалните проблеми, за да го прикрие политичкиот срам на централното раководство, за безсрамната аболиција, истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Тој нагласи дека ќе продолжи да им дава поддршка на граѓаните во борбата за демократијата и слободата. Додаде дека е запознаен со проблемот на улицата Народна Револуција, и истиот ќе биде решен во втората развојна програма, која ќе започне да се реализира од септември.

-Народна ревоулиција со конекција за пат кон село Пчиња, имаме оштетување на патната инфраструктура но во овој момент работиме на повеќе проекти. Се работат седум паралелени проекти, а крпењето ударни дупки е застанато поради некои технички проблеми на изведувачот. Сакаат преку дефокусирања, да ја префрлат топката. Шарената револуција е резултат на граѓанското движење кое е резултат на незадоволството од владеењето, криминогеноста, а круна на тоа е срамната аболиција-истакна тој.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)