Дамјановски: Советот работеше во интерес на граѓаните

„Советниците од последниот совет често пати имаа контрадикторни ставови по одредени прашања , но секогаш на ниво на демократска дебата и во интерес на граѓаните на Куманово“ ,  рече градоначалникот  Зоран Дамјановски во своето обраќање на денешната седница која воедно е и последна во овој состав на советници. Дамјановски се заблагодари на тимот кој што последниве четири ипол години придонесуваше во работата на локалчната самоуправа.

Зоран Дамјановски е прв човек на општина Куманово од 2005-та година. Од април 2013-тата година тече третиот мандат на Дамјановски. Со измените на Изборниот законик , мандатите на градоначалниците во април годинава беа продолжени за седум месеци, односно до 15-ти октомври  кога ќе се одржат локалните избори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)