Дамјановски ќе атакува на нов градоначалнички мандат

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Зоран Дамјановски ќе атакува на нов мандат. До партијата веќе испратил своја програма и предлози, а дали ќе се најде во трката за четвртиот мандат останува на раководството на СДСМ. Ова Дамјановски, го потенцираше гостувајќи во емисијата „Само Вистина“.

Јас сум член на СДСМ и во овие три мандати ја имав поддршката на мојата партија. Сега ние имаме некоја процедура донекаде, отпочната и застаната, а таа процедура беше општинската партиципација. Јас аплицирав со мојата програма, оставам на централното партиско раководство да процени дали јас заслужувам да излезам пред граѓаните или не. Донекаде сум покажал интерес, но тоа не е нешто ако не биде овака или онака. Мотивот за таа работа е само едиснтвен во тоа што можеби пред година или година и пол не размислував така, но како се ближи овој циклус граѓаните ми приоѓаат и ми даваат некаква енергија во насока, немој да се откжажеш оди, 11 години те мачеа, сега си најзрел, треба да покажеш што знаеш и можеш – рече Дамјановски.

Дамјановски, кој го троши третиот мандат има ангажирано агенција која врши испитување на јавното мислење, па по добиените резултати одлучил да поднесе кандидатура до СДСМ.

Минатиот пат еден аналитичар така ми кажа, ти си еден од ретките што веруваат во испитувањата на јавното мислење. Не сум тој што бев во 2009, таму имав апсолутно водство, и во 2013 бев добро позициониран, сега сум тука некаде како во 2013, а како ќе одлучи централното раководство оставам на лидерот, на подпретседателите, секретарот, да одлучат како понатаму. Јас имам визија, сега знам многу повеќе кога станав градоначалник во 2005 бев „табула раса“ во политика, од операциона сала ме пикнаа во политика. Толку бев почетник, сега имам толку акумулирано знаење, а политика е врз база на знење и емпирија, тоа сега е на мојата страна – вели Дамјановски.

Меѓу останатото, со својот колега, градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, разговараа за актуелните проблеми со кои се соочуваат локалните самоуправи во државата.

За двајцата градоначалници најголем проблем за општините е несоодветната фискална децентрализација, а во изминатиот период и законот кој овозможува легализација на диво изградени објекти кој доведе до уште поголем урбанистички хаос.

(17:55) Најголемо зло што е направено во локалната самоуправа е законот за легализација на дивоизградените објекти, а на тоа за да биде уште поголем популизмот на претходната власт, направија продолжување на тој закон за две-три години. Замислете град кој има 27.000 броила за струја тоа се 27.000 стамбени единици или комерцијални деловни простори, има 19.000 поднесени барања за легализација, тоа е хаос во градот. Триста илјади луѓе поднесоа барања за легализација, за да добијат гласови и да ја крадт државата, направија уште едно зло, го уништија кревкиот буџет на општините, затоа што имаме најлоша фискална децентрализација на Европа, мислам дека и од Азија имаме послаба децентрализација ако има некаде и тие успеаа на овој начин и онаа такса што требаше да биде за уредување на градежно земијште да падне на многу ниско ниво, така да и приходните страни на нас, бидејќи од зафатот на јавна потрошувачка имаме мал процент, имаме кревка фискална децентрализација – вели Дамјановски.

Според Дамјановски, треба да без адекватна финансиска поддршка од централната власт, локалната не може да функционира. Најави и лобирање кај новата влада за рамномерен регионален развој и распределба на финансиските средства низ регионите и општините.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)