„Да ги вратиме тротоарите на пешаците“

„Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ е насловена заедничката превентивна акција на општина Куманово, полицијата и јавното претпријатие Куманово паркинг која што започна денеска со симболична поделба на флаери на случајните минувачи во централното градско подрачје. Во акцијата денеска беа вклучени и ученици од пет основни училишта и корисници на услугите на регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша. Целта е преку флаерите едукативно да се влијае врз несовесните возачи во градот и да се порача дека  тротоарите се сообраќајни површини  кои се наменети исклучиво за пешаците, посочуваат надлежните.

-Сите наши граѓани имаат право слободно да се движат по сообраќајните површини. Заедно со претставниците на сите овие институции ќе поминеме во сите делови во градот и ќе побараме од несовесните возачи да ги отстранат своите возила од сообраќајните површини. И нашите деца имаат право кога одат на училиште да се движат на уредени тротоари, но воедно исто така апелирам до сите граѓани и учесници во сообраќајот за трпение бидејќи во следниот период општина Куманово планира да вложи сериозни средства во изградба на поголем број на катни гаражи. Во тек е изведба на голем број на тротоари и исто така поставување на средства за забавување на брзината на моторни возила почнувајќи и давајќи приоритет на локациите каде што се основните и средните училишта, а потоа во согласност со законот и на сите места во градот каде што има потреба од такви средства, средства за забавување на брзината на возилата или популарно наречени лежечки полицајци, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Отстранување на возилата од тротоарите ќе се врши по претходно утврдени приоритети, почнувајќи од централното градско подрачје.

-Засега во соработка со СВР Куманово и со сообраќајната полиција договоривме приоритети , а тоа е централно градско подрачје и најпроментните делови на градот, зелениот пазар, улица 11 Октомври, улица Гоце Делчев. Втор приоритет ќе биде секако цела Трета МУБ и потоа ќе се спуштиме и во делови на градот како што е Октомвриска револуција. Апелирам до граѓаните да имаат разбирање, а на прекршителите сакам да им порачам да не се јавуваат со ургенции затоа што Нулта толеранција значи еднаквост за сите, еднакви права и обврски за сите, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ потенцира дека полицијата има неселективен пристап при решавање на проблемот со непрописно паркираните возила.

-Статистички не можам да ви кажам број десет до 12 возила се подигаат имаме нсеелктиве пристап и се вклучуваме активно во акцијата со решавање на проблемот со непрописно паркираните возила на површини тороаѕти, крстосници, за да пешаците бида побезбедни , Нулта толеранција за сите, изјави Стојанче Величковиќ, началник на СВР Куманово

Надлежните апелираат да се пријавуваат непрописно паркираните возила на 192 бидејќи пајак возилото работи по пријава на граѓаните.

 

Коментари

коментар(и)