Да се негува и унапреди училишниот спорт

Претставници на општината, секторот за образование, општинскиот сојуз на училишен спорт, Здружение на спортски педагози, директорите на основните и средни училишта, како и наставници по физичко и здравствено воспитување, денеска присуствуваа на трибина за унапредување на училишниот спорт, која се одржа во основното училиште „Крсте Мисирков“. Средбата се одржа на иницијатива на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Присутните имаа можност да ги кажат своите забелешки, предлози и идеи, кои треба да придонесат за развојот на училишниот спорт во градот. Обраќајќи се пред присутните градоначалникот истакна дека спортот е тој кој спојува, не прави разлики по основ на јазик или какви било други бариери.

-Општина Куманово оваа година има голем јубилеј 5 века Куманово, но исто така добивме и едно престнижно признание европски град на спортот, а тоа признание не е затоа што ние имаме тимови, Манчестер или Челзи, туку имаме различни спортски дисциплини за различни генерации. Имаме спортисти од 6 години имаме активни спортисти кои се натпреваруваат од над 80 години, пензионерите и тука бевме многу високо рангирани од европската асоцијација на градовите на спортот и затоа го добивме тоа признание. Општината поддржува спорт интензивно последните 8 години бидејќи истиот се наоѓа во тешка состојба генерално во државата, со различни финансиски износи пред 10 години износот беше 2 милиони  денари симбоилични средства сега имаме износ од 13 милиони денари каде за училишниот спорт имаме издвоено 700.000 денари и таа интенција сакаме да се зголемува да се усвојат да се планираат средства да се трансферираат до општинскиот сојуз на спортови и понатаму во здружението кое го сочинувате вие и тоа се мали средства но ако се искористат правилно можат сериозно да анимираат голем број на наши идни активни спортисти-истакна Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово нагласи дека општината има обврска да создаде спортски терени, а на тоа поле активно ќе работат оваа и наредната година. Дополни дека паралелно со обезбедувањето спортски терени, општината е подготвена да даде поддршка и за проектите на потребниот кадар кој ќе ги мотивира и кој ќе работи со учениците.

Претседателот на Сојузот на училишен спорт во Куманово, Ивица Георгиевски нагласи дека се задоволни од соработката која што изминативе години ја имаат со општинскиот Сојуз на спортови, како и од поддршката штом ја добиваат. Тој се надева дека од училишните клубови ќе излезат идни успешни спортистки, кои ќе станат дека и од поголемите локални клубови.

-Во принцпи се среќаваме со одредни проблеми во однос на салите со тоа што ударни термини на клубовите од оваа година мислам дека ќе издејствуваме трибините по часовите да бидат на училишниот спорт каде ќе има континуиран тренинг без тоа нема и успех-истакна тој.

Пред присутните зборуваше и актуелниот директор на основното училиште Крсте Мисирков, Александар Јовановиќ кој е и наставник по физичко образование. Тој посочи дека спортските педагози знаат дека најголемите таленети во спортот излегуваат од училишниот спорт и затоа тој треба да се негува. 

Коментари

коментар(и)