Да се подобри квалитетот на социјалните услуги на ГО

Претставници на граѓански организации од регионот и општините, денеска присуствуваа на тркалезена маса „Повеќе сервиси на локално ниво“, на која се расправаше за квалитетот на социјалните услуги што ги нудат.  Средбата  е во рамки на проектот Подобрување на квалитетот на социјалните услуги на граѓанските организации во Југоисточна Европа, а ја организираше Ирис мк мрежата.

-Целта на денешната средба е следната треба да направиме првин една реална слика на тоа колку граѓанските организации во Македонија се сфатени сериозно, колку тие се рамо до рамо со општините на локално ниво што е многу моќен фактор, колку граѓанските организации во нашата држава и регионот имаат можност да бидат еден вид коректив или пак да даваат свои сугестии и мислења, дали станува збор за општините или за инситуциите на централно ниво, во однос на креирање на различни политики кои би го подобриле квалитетот на вршењето на социјалните услуги -изјави Сузана Најдовска Ѓоргиевска проектен координатор на ИРИС МК мрежа.

Тие нагласија дека досега невладините во Министерството за труд и социјална политика се регистрираат како организации од јавен интерес. Прашаа дали тоа е доволно или пак треба да постои одредена комисија, која ќе утврди дали се работи според сите стандарди.

-Во наредните четири месеци ќе работиме на подготовка за да може организацијата да се стекне со стандарди кои ќе бидат препознаени и од политичарите за да можеме да бидеме навистина во партнерски односи. Граѓанските организации даваат услуги но со кој квалитет досега ништо не се знае, сепак сите треба да ги подобриме квалитетите и да помогнеме што повеќе да се вклучат ранливите групи во општеството-нагласи Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива.

Од организацијата истакнаа дека се планира вкупно седум вакви средби низ државата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)