Да се прогласи Ден на бранителите на РМ – порака од граѓаните

Подигање на споменик во чест на осумтемина загинати припадници на МВР  во  кумановската населба Тоде Мендол  и прогласување  на 09 –ти мај за Ден на бранителите на РМ , побараа денеска кумановци на  годишнината од антитерористичката акција. За загинатите бранители Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, утрово се одржа панихида во црквата Свети Никола организирана од група на бранители. „Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои. Тие ќе останат засекогаш врежани во македонската колективна меморија како луѓе кои несебично се ставија во одбрана на својата татковина и заштита на уставниот поредок на РМ“ , порачаа кумановци.

– Голема е и жртвата на 37-те припадници на МВР кои беа ранети во оваа антитерористичка акција како и десетиците од нив кои учествуваа во оваа акција. Сите ние сме вечни должници на нивната храброст и нивната пожртвуваност кон татковината. Додека тие ја бранеа својата држава, Зоран Заев и Оливер Спасовски им свртеа грб на државата и на граѓаните. Еден ден по антотерористичката акција отидоа со смеење и се сликаа на местото каде својот живот го положија осумте припадници на МВР. Нивната жртва за татковината и храброста која ја демонстрираа заслужува најголема чест. Токму поради тоа советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Куманово на наредната седница на советот на општина Куманово ќе предложи подигање на споменик во чест на осумте бранители кои не го штедеа својот живот за татковината. Ги повикуваме и советниците на СДСМ и градоначалникот Максим Димитриевски да излезат од партиската рамка и да го поддржат овој предлог за РМ и за нејзините храбри синови кои го оставија својот живот овде, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ

Во дводневната акција беа повредени и 37 припадници на МВР, а имаше и загинати терористи.

– Некој слави 09-ти  мај како Ден на победа над фашизмот, некој слави како Ден на Европа, ние бранителите во меѓусебна комуникација ќе направиме конвенција на бранители на која ќе предложиме самите ние, не мора државата да признае,  09-ти  мај да биде Ден на бранителите на РМ за цела држава кој ќе се одбележува нормално пред споменикот на бранителите во Скопје, изјави Предраг Петрушевски, бранител

Во меѓувреме, куќите кои што беа целосно оштетени, со пари од државата повторно се изградија, а кумановско  „Диво Насеље “ доби нова водоводна и канализациона мрежа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)