Да се сочува мирот и соживотот во градот

Институциите, раководните структури, невладините  организации и граѓаните по вчерашниот инцидент во Гошинце да се фокусираат на мирот , толеранцијата и соживотот во Куманово, порачуваат луѓето кои ја познаваат безбедносната состојба во државата.

-Секоја ситуација дали е безбедносна или општествена има своја дефиница. Од овој аспект јас би сакал перцепцијата да ја ставам на превентивната безбедност и на безбедносната култура кај нашите граѓани. Почнувајќи од граѓанството, од сите авторитети во градот, значи авторитети, авторитети во наводници, екстерти, неексперти, граѓанско општество, неграѓанско општевство да првиот предзнак го стават соживотот во нашиот град, пред се затоа што ние тука доаѓаме и тука живееме, изјави Предраг Мицевски, магистeр на криминалистика и криминологија

Мицевски повика да не се дозволи повторување на 2001-та, апелирајќи до надлежните органи да не го политизираат случајот.

– Еднаш засекогаш да излезат од канџите на политиката и да дадат свое лично видување и да ја смират ситуацијата бидејќи ситуацијата не можеме да ја дефинираме доколку не ги знаеме причинско-последичните врски, а тоа ќе го направиме со причинско-последничните врски ако дозволиме институциите да си го кажат својот збор, а граѓаните да дадат свое лично мислење и свое лично видување на ситуацијата, изјави  Мицевски.

И тој како и многу други аналитичари,  експерти и надлежни органи во државата го осуди инцидентот со надеж  дека станува збор за изолиран случај.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)