Двата пехари на ЖРК Куманово завршија во општината

Претставници на Женскиот ракометен клуб на градоначалникот традиционално му ги врачија двата пехари од освоеното првенство и Куп на Македонија. Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски доби подарок и ракометна топка, потпишана од сите членки, во знак на благодарност за поддршката на клубот.

Традиционално, овие пехари ќе останат во општината до крајот на наредната натпреварувачка сезона.

-Продолжуваме заедно во нови победи за наше Куманово-напиша Димитриевски на Фејсбук.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)