Двајца кумановци приведени, пронајдена марихуана

Двајца кумановци вчера биле приведени бидејќи полицијата кај нив пронашла марихуана, информира СВР Куманово.

Вчера, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19 години) и М.Ц.(30 година) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)