Двајца новозаболени од СИДА во Куманово

Двајца новозаболени од СИДА годинава регистрира Центарот за јавно здравје од Куманово од вкупно 41 новорегистрирани на ниво на државата. Новозаболените, оваа и претходната година се од машки пол на возраст од 20 до 39 години, што е 74 проценти од вкупниот број на регистрирани.  Центарот за јавно здравје преку советувалиштето за доверливо, анонимно советување и ХИВ тестирање врши редовни ХИВ тестови, советувања и превенција во однос на едукација пред се намената на младата популација во средните училишта.

-Во текот на овој месец ќе се организираат редовни предавања  во училиштата, ќе бидат опфатени учениците од средните училишта, а преку својата програма за превенција од ХИВ/СИДА  во 2018-та година извршени се 120 ХИВ тестирања, советувања пред ХИВ тестирање и после ХИВ тестирање. Она што е значајно е дека две третини од советувањата ги проследиле лица од машки пол, а останатите од женски пол, изјави доктор Јадранка Стаменковска од центарот за јавно здравје, Куманово.

Вкупната бројка на заболени од ХИВ/СИДА на подрачјето на североисточниот регион кој што го покрива Центарот за јавно здравје од 1987-та година до декември годинава  е 26 лица, посочува Стаменковска.

-Од таа година досега, на ниво на државата регистрирани се 400 лица од кои 86 проценти се од машки пол. Во однос на начинот на  преносот на инфекцијата 53 проценти се лица кои се заразиле  преку хомосексуален однос, 38 проценти се инфицирале преку хетеросексуален однос и десет лица се заразиле преку инјектирање на дрога. Годинава од СИДА во Македонија починале три лица, а од 1987 –та година, 99 лица починале, изјави Стаменковска.

Од центарот за јавно здравје потенцираат дека бројот на починати лица од СИДА се намалува, бидејќи последните години лицата се лекуваат  со антиретровирусна терапија која ја примаат редовно, поради што ова за заболување може да се каже дека е хронична инфекција, односно  заболување за кое постои терапија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)