Двајца починати и 44 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од:
Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Направени се 2.660 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-15, Институт за микробиологија–75, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-232, Биотек-525, Систина-142, лабораторија Лаор-138, Синлаб-31, Ремедика-38, Плодност–27, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 689.

Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)