Двајца уапсени за кражба во Куманово

На 24.04.2021 околу 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект. При нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Предметите и парите биле вратени на сопственикот. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)