Два нови проекта на РОЖМ „Даја“

Ромската организиција на жените во Македонија  „Даја“ од Куманово преку различни активности ќе ја подига свеста кај родителите и кај децата за да се надмине дискриминацијата во однос на ромските деца во основното образование. Проектот ќе го спроведува оваа организација со поддршка на Националниот Ромски Центар и Паблик, наредните шест месеци. Во рамки на проектот, информираше Дилбера Камберовска од РОЖМ „Даја“ ќе се организира дебата на која ќе учествуваат надлежните од пет основни училишта во Куманово, советите на родителите и државните и подрачни институции од сферата на образованието.

„Ќе дискутираме за да ја подигмене свеста кај родителите да ги подготвуваат своите деца кога ќе тргнат во прво одделение да бидат подготвени да се соочат  со различностите на другите деца, да бидат прифатени едни со други, да не се дискриминираат меѓусебно. Затоа сакаме со овој проект повеќе да дискутираме , институциите да бидат информирани, ромските ученици да не бидат дискриминирани , да бидат  прифатени“-изјави Дилбера Камберовска, претседателка на РОЖМ„ Даја“ Куманово

Во рамките на проектот предвидено е и организирање работилници и низ игра најмладите да бидат подготвени за почетокот на учебната година, преку заеднички дружби на деца од различни етнички заедници. Проектот ќе се спроведува наредните шест месеци.

„Даја“ е вклучена и во проектот „Надвор од кругот –невидливи во општеството“, кој ќе трае до крајот на годинава.

„Цел на овој проект е да се зголеми свеста кај граѓаните од општина Куманово за неоходноста од лична документација. Познато е дека во Куманово има  Роми кои шти немаат лична документација и тоа е еден од најголемите проблеми во општеството. Имаме лица фантоми што не припаѓаат никаде“-изјави Камберовска.

Преку проектот ќе се идентификуваат овие лица и ќе им се помогне да обезбедат лична документација. Камберовска, потсети дека  министерството за труд и социјална политика системски ќе го решава овој проблем.

Коментари

коментар(и)