Две интервенции на пожарникатите во текот на вчерашниот ден

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интервенирале на две локации, во Куманово и во општина Липково. Според извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи, на улицата „Егејска Македонија“ вчера била опожарена гаража, а во соседната општина Липково се запалила семејна куќа.

Како што информираат надлежните, опожарена била кровната конструкција на објектот при што била направена поголема материјална штета.

Причината за избувнување на двата пожари засега не е позната.

Коментари

коментар(и)