Две лица повредени, во сообраќајна незгода со мотоцикл

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера околу 19 и 30 часот, на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, во близина на „Митев мост“. Според СВР Куманово, Ј.С.(24 години) од Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н. Ѓ.(24 години) од Куманово, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)