Две лица тешко повредени откако излетале со мотор

Две лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, откако со мотор излетале од патот. Имено околу 19.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Четирце, на место викано „Бизина маала“, Д.Ј. од Куманово, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј., а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Ј., исто така од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)