Две основни училишта ќе добијат нови спортски терени

Општинските основни училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери” во Куманово ќе добијат мултиспорт игралиште.

Како што информира градоначалникот Максим Димитриевски, игралиштата ќе имаат еластична тартан подлога, како и трибина со заштита ограда.

Ќе се постават и два голови со мрежа по IHV стандарди, како и комплет од четири кошеви со заоблен обрач и мрежа по FIBA стандарди.

Во периодот што следува како што вели Димитриевски ќе се реконструираат спортските терени во населбата Гоце Делчев на локалитетот „Кошеви“ и во ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

Паралелно со тоа во тек е изградба на спортско-рекреативен комплекс на локалитет Спомен Костурница, а во тек е и првата фаза од реконструкција на спортскиот комплекс Соколана.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)