Две победи на ракометарите на Куманово

Ракометарите на Куманово продолжуваат со одлични игри во првата лига на натпреварите кои се играат по турнирски систем поради корона кризата. За време на викендот екипата одигра два натпревари на кои славеа убедливи победи. Во првиот натпревар на турнирот во Скопје Куманово го совлада тимот на Делчево со 35-23 благодарејќи на подобрата игра во текот на 60 минути. Во нашата екипа најефикасни беа Давид Цветковски со 6, Димковски и Тасевски постигнаа по 4 голови. На голот на Куманово одличен беше Стефан Кимевски со 20 интервенции.

Во вториот натпревар на турнирот кој се одржа во Куманово екипата убедливо го совлада Вардар Неготино со 35-26. Исто како и на претходниот натпревар и на овој Куманово беше многу подобар противник  а заслужни за победата беа сите ракометари кои добро го одиграа натпреварот. Најефикасни во Куманово одличниот Тасевски со 11 голови, како и Давид Цветковски со 6 и Иван Димитров со 5 голови. На голот на Куманово уште еднаш одличен беше Кимевски кој запиша над 20 интервенции.

Наредниот викенд Куманоов продолжува со натпреварите во кои ќе се сретне со екипите на Македонија Ѓорче Петров и лидерот Ракометна академија Металург.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)