Две починати лица со повреди пронајдени во Табановце

Две починати лица утрово се пронајдени во кумановското село Табановце.

Според СВР Куманово, денеска (17.08.2021) околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во селото Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди,  Б.С.(36) и Б.С.(43) од селото Табановце.

Полициски екипи се на местото и во координација со ОЈО Куманово врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Коментари

коментар(и)