Две фирми ќе ги чистат улиците од снег

На почетокот на наредната недела општина Куманово ќе распише тендер за зимско одржување на градските улици и патишта. Повикот за пријавување на фирми кои ќе се грижат за проодноста на улиците во услови на снежни наноси ќе се отвори на 19-ти месецов, а договорот ќе биде на две години.

Првиот човек на општината, Зоран Дамјановски потенцираше дека поради габаритот на работа, бидејќи има над 280 километри патна инфраструктура, зоната ќе биде поделена на два реони западен и источен, а за таа цел ќе бидат изберени два изведувачи.

-Доколку нема снежни врнежи нема да има никаква наплата ако има подмрзнување она што ќе биде нотирано од нашите контролори и надзор ќе бидат исплатени поединечна цена е дадена во договор на тон сол и ризла.  Ќе имаме електронска аукција за изборот-посочи тој.

Вообичаено претходните години за евентуални големи снежни врнежи општината ги чистеше приоритетните локации, а граѓаните сами се грижеа за влезовите пред станбените објекти и продавници. За оние несовесни поединци или правни субјекти се предвидени и законски казни.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)