Дводневен Џез фестивал во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ следните два дена ќе биде одржан традиционалниот Џез фестивал. Двете фестивалски вечери почнуваат во 20 часот. Кумановци годинава поради ковид состојбата ќе имаат можност да уживаат во настапите на бендови од македонската сцена, но не и од странство, што беше вообичаено изминатите пет години.

Фестивалот го организира Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а е поддржан од Министерството за култура.

-Оваа година сепак поради целата ситуација што ја имаме ќе бидат претежно македонски артисти бидејќи имавме друга програма зацртано, но сепак поради овие патувања и граници што се затворени мораме да се прилагодиме на тоа што мора така да биде, на овие мерки така што на 20 октомври ќе настапат

– BRASSTET SKOPJE
– NEXT TO SILENCE, кои што ќе го промовираат новиот албум кој што излезе пред неколку дена за Скопскиот џез фестивал и на 21 октомври ќе бидат
– ZULU 3.4
– VLADIMIR CETKAR со својот SEXTET, го знаеме, тој веќе  е наша светска ѕвезда, а добро е штоп овој период е во Македонија и може,ме да го планираме да ги вклучиме во фестивалот, изјави Филип Стевановски, уметнички директор на Џез фестивал

Билетите се во продажба од 13-ти октомври и можат да се купат на билетарата во НУЦК „Трајко Прокопиев“, информира Стевановски.

-Влезот ќе биде во 19 часот заради сите протоколи, дезинфекција, носење маски, значи мора да ги запазиме сите протоколи со седишта, со места, со се. Цена на билетот за една вечер е 150 денари, имаме ограничен број на билети 100 или 110. Се надеваме дека ќе биде се во ред и апелирам сите кои што ќе дојдат да носат маски, да се заштитат за да нема проблеми и од овој настан не дај боже да излезе некој заболен или некој проблем. Ние веќе пет години го правиме Џез фестивал и сме задоволни од тоа како функционира . Се надеваме дека ќе продолжиме како традиција и се бориме за тоа, па и во овие услови се бориме да направиме фестивал, изјави Стевановски.

Со фестивалот се постигнува целта, афирмација на џез музиката и џез културата , велат  организаторите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)