Дебата „Македонија со или без слобода“

Во рамките на караванот на слободата, ЦИВИЛ вчеравечер организираше дебата во Куманово насловена, „Македонија со или без слобода“ . Дебатите се организираат бидејќи граѓаните и граѓанките, луѓето од различните општествени групи, интелектуалците, уметниците мора да разговаат меѓусебно, затоа што веќе долги години дебатата во нашата држава е замрена, сметаат од центарот за словода. Доколку нема меѓусебн разговори и дебати, општеството нема да се движи напред туку ќе биде констатирано назадување, велат од ЦИВИЛ.

 -Очекуваме ова да биде само еден почеток на една понатамошна дебата, ова се ќе го објавиме во различни формати, во видео формат, во пишувана форма, во печатена, на интернет но и на другите медоуми. Да го пробиеме тој медиумски мрак кој владее во македонија и кој морамн да кажам со многу позитивно изненадување токму вие локалните медоуми го пробивате подобро отколку професионалните и богатите телевизии во македонија. сметам дека ова треба да биде почеток на уште повеќе и поквалитетен разговор и дебата во куманово но и во државата, што е слобода , како ние треба да се грижиме за слободата, за нашите човекови права, изјави Џабир Дерала , ЦИВИЛ

Караванот на слободата на ЦИВИЛ, ќе го искористи влијанието на уметноста и културата, за да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество. Ова е динамичен мултимедијален проект, кој поттикнува учество на граѓан(к)ите во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво. Во дебатите учествуваат независни интелектуалци, уметници и граѓански активисти.

-Музиката и уметноста многу влијаат врз слободата  на говорот, а сите уметници, артисти треба да се сметаа за водичи или лидери за таа слобода, оние кои што ќе го покажат патот кон слободите. Искуството е големо од овие  трибини, мислам дека вака низ дебати треба да се функционира постојано, да се направи еден комукациски циклус  и тој да се заокружи и после да немаме пробели какви што имаме, затоа имаме недостиг од дебатирања, сега се е некако префрлено од дома, на социјални мрежи, директно искуство и директно претствување и комуницирање мислам дека многу е од полза за сите, и затоа ми е желба да комуцирам со секаков вид на луѓе, ќе ми биде после  инспирација за после да вметнам нешто во текстовите, изјави Тони Зен , музичар

Проектот „Караван на слободата”,  финансиран  од УСАИД, се спроведува три месеци на повеќе локации во Република Македонија. ). Ќе се организираат и 20 -тина помали мултимедијални настани во 20 општини во земјава, а освен музиката, караванот на сите овие настани ќе понуди голем број на работилници, дебати, изложби, поетски читања, видео – арт, филмски проекции и различни мултимедијални содржини

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)