Девет новозаболени и еден починат во Куманово

Пандемијата не стивнува во Куманово. Согласно последните податоци регистирани се 9 новозаболени, информира Министерството за здравство.

Во последните 24 часа на ниво на државата направени се 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи. Од нив повеќето односно 16 се од Скопје, Тетово 2 и Прилеп 1. Во овој период пријавени се и 5 починати лица, меѓу кои и 45 годишен кумановец. Регистирани се и 23 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)