Дедо мраз ја посети градинката „Бубамара“

По повод претстојните новогодишни празници, денеска Дедо мраз ја посети градинката Бубамара, која се наоѓа во близина на поранешен Чик. Дечињата играа и пееја новогодишни песнички, а имаат можност да ја проследат и куклената претстава Новогодишна бајка. Во наредните шест денови Дедо мраз ќе ги посети и останатите градинките низ градот.

-Ние сме една мултиетничка градника со различни заедници, Македонци, Срби, Албанци така што ќе биде доста интересно и се обидовме сите да бидат весели.  Претставата „Новогодишна бајка“ ќе оди на македонски и албански јазик, така што контактот со Дедо мраз секако дека го чекаат-нагласи Лидија Јаневска одговорен воспитувач.

Од градинката „Бубамара“ истакнаа дека деновиве одржале и новогодишна работилница со родителите за рециклиран материјал. Додаваат дека децата се среќни и активно учествуваат во подготовките за Нова година.

-Големите веќе знаат кога е крајот на Старата година и почеток на Новата година зошто им е потребно и ќе си посакаат среќа, здравје, задоволство во животот. Интересно е што оваа година подготвивме и едно убаво изненадување и за промена во заедничка соработка со студио Мак кои имаат факултативно програмски активности во нашата градинка со децата и организаторите ќе имаме Паљачо за деца, кој ќе биде верен дружбеник на Дедо мраз, а воедно и децата ќе можат да следат една убава точка, настап, новогодишен со студио Мак и децата што учествуваат во танци-додаде воспитувачката.

Најмалите нагласија дека се подготвени за новогодишните празници и им претставува задоволство што можат да се дружат со Дедо мраз. Инаку во градинката „Бубамара“ престојуваат 240 деца од различна националност.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)