Дедо мраз ја посети градинката „Кокиче“

По повод претстојните новогодишни празници, денеска Дедо мраз ја посети градинката Кокиче, која се наоѓа во близина на гимназијата Гоце Делчев. Дечињата играа и пееја новогодишни песнички, а имаат можност да ја проследат и куклената претстава Санката на Дедо мраз, која ја изведоа вработени во установата. Во наредните шест денови Дедо мраз ќе ги посети и останатите градинките низ градот. На свеченоста присуствуваа околу 260 деца.

-Oвде како и секоја година ќе ги искористиме и моралните вредности да ги истакнеме на почитување кон семејството, врсниците, возрасните, бонтон, поттик кон здрава храна, културно однесување се она што е многу важно-посочи Лидија Јаневска одговорен воспитувач објект Кокиче.

Од градинката Кокиче истакнаа дека новогодишната атмосфера кај нив започнала уште претходната недела, со уредување на просторот и музички концерт кој бил реализиран во соработка со нижото училиште Панче Пешев. Додаваат дека децата се среќни и активно учествуваат во подготовките за Нова година.

-Имавме и новогодишна работилница во соработка со родители, таканаречен новогодишен базар на кој децата со своите креативни изработки заедно со учителките ги продававме на родителите и со тие парични средства ќе помогнеме на некои социјално загрозени категории на дечиња-додаде таа.

На крајот на манифестацијата Дедо мраз на сите дечиња им подели пакетчиња.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)