Дезинсекција против крлежи

На 27 и 28 април (вторник и среда) од 05:30 до 08:00 часот на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)