Дезинфекција во образовните институции

Службите од Центарот за јавно здравје при Општа болница Куманово пред стартот на учебната година ќе вршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Ќе бидат опфатени училиштата и градинките од сите општини од североисточниот регион. Надлежните посочуваат дека секоја година во овој период и за време на зимскиот распуст вршат дезинфекција на училишните простории, а дејствувааат и вонредно доколу има  потреба.

– Таа активност започнува оваа недела пред почетокот на учебната година со тоа што откако училиштата ќе бидат механички исчистени тогаш нашата служба ја врши оваа активност. Договорено е да се дејствува во летниот и зимскиот период но и во текот на целата учебна година при појава на некои инсекти и глодари, вели, Јадранка Стаменковска, епидемиолог.

Од Центарот за јавно здравје објаснуваат дека освен вршење на дезинфекција спроведуваат и едукативни работилници во образовните институции. При тоа ги запознаваат учениците и наставниот кадар со акутните инфективни заразни заболувања. Во едукативните програми се опфатени предавањата за сидата и за сексуалното репродуктивното здравје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)