Делагации од четири држави гости во „Христијан Карпош“

Делагации на ученици и наставници од Романија, Турција, Словачка  и Полска, неделава се на размена во основното училиште Христијан Карпош, во рамки на проектот „Under the same sky“, кој е од Еразмус плус програмата.  Темата на работилниците коишто ќе се одржат неделава е разводот на родителите.  Истражувањата покажале дека една од главните причини за проблемите во однесувањето или нискиот академски успех на учениците се кријат во разводот на родителите.

-Како што знаеме голем број деца во Европа не само во Македонија се соочуваат со проблемот, развод на нивните родители иако разводот во денешно време не е нешто невообичаено или чудно сепак никој не може да ги игнорира негативните ефекти кои разводот ги има врз ваквите деца. Поради таа причина приоритет на овој проект е да се промовираат вредности и цели кои ќе придонесат за зголемување на самодовербата кај овие деца како и поттикнување на позитивно критичко мислење-нагласи Ана Нојковска, координатор на проект.

За време на проектот кој ќе се реализира до август наредната година, е планирано да се одржат вкупно 5 држави во сите партнер училишта.

-По трите средби што ги имавме во Романија, Полска и Словачка дојде ред на нашата земја да дојдат гостите тука, како еден дел од проектот, ни останува уште една средба што ќе се случи во Турција наредната година во јуни. ..целта на проектот е да им се пружи поддршка на тие ученици, барем малку на некој начин да им го олесниме периодот низ кој поминуваат кога е во прашање семејството и односите дека е специфична и чувствителна тема, учениците навистина во почетокот беа скептични, беа затворени но со тек на бројните работилници што ги имаме, темите кои се отвораат почнаа да разговараат и мислам дека навистина има придобивки од овој проект во социоемоционалниот статус на децата-дополни Александра Стаменовска, одделенски наставник ОУ Христијан Карпош.

Гостите од Романија, Полска, Словачка и Турција истакнаа дека се среќни што имаат можност да се запознаат со обрзованиот систем во Македонија, но и со културата и традицијата на нашата држава.

Проектот е одобрен од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, а финансиран со поддршка на Европската комисија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)