Делегација од Босилеград ја посети општината

Градоначалникот на општина Босилеград, Владимир Захариев денеска ја посети локалната самоуправа. Тој се сретна со првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски. На средбата тие разговарале на неколку теми.

-Разговаравме на повеќе теми меѓу кои и можна соработка на културно ниво но секако и конкретни апликации за пристапните фондови на Европската унија каде конкурсите треба да бидат распишани во следниот период има можност за апликации за повеќе инфраструктурни различни проекти.  Почнувајќи од проекти коишто можат да одат како бенефит или инфраструктура во делот на речното корито, нови зелени површини и друг вид на проекти во зависност од она како ќе бидат распишани самите апликации на Европската унија-посочи градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски.

Градоначалникот на Босилеград истакна дека двата народи имаат ист фолклор и култура.

-Една голема можност не само за да се запознаеме туку и за конкурирање на европски проекти како и за други работи. Го поканивме колегата да испрати делегација од деца од Куманово да го посетат нашиот Велигденски фестивал кој ќе се одржи сега на 7-ми, да дојдат децата да се натпреваруваат да играаат  фолклор и да покажат дека ние во Србија, Бугарија, Македонија не се разликуваме. Разговаравме за ИПА проекти за инфраструктура на реката, манастирите, училишта да конкурираме и тоа ќе го направиме и за спортот. Вие сте силни во кошарката, ракометот, ние имаме други екипи во фудбал, пинг понг, одбојка така што ќе направиме размена-додаде Захариев.

Тој потенцираше дека договориле и фолклорна манифестација на која ќе можат да се сретнат граѓаните на Куманово и Босилеград.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)