Делегација од општината на собрание на асоцијацијата за мир

Претставници од локалната самоуправа предводени од секретарот Валентина Алексовска, присуствуваа на 26-то генерално собрание на Meѓународната асоцијација на градови носители на порака на мир во Виелун, Полска. Годинава учесниците дебатираа на тема Европска Унијa- Заветот на мирот и соработката.

Покрај Алексовска, состаноците на извршниот одбор и генералното собрание ги следеше и раководителот на Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природа Лидија Ланг Спасовска и раководителот на Одделение за евроинтеграции Мартин Костовски.

Од оваа година градоначалникот Зоран Дамјановски е член на извршниот одбор кој ги предводи операциите на асоцијацијата на градови носители на мирот.

Освен работниот дел, учесниците имаа можност да се запознаат со културните и историските настани на Виелун. Инаку минатата година Генерално собрание се одржа во Куманово.

2

4

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)