Делегација од „Перо Наков“ на меѓународен натпревар во Минск

Делегација од тројца наставници и исто толку ученици од економското училиште Перо Наков, од 8-ми до 14-ти октомври учествуваше на финалето на Меѓународниот натпревар за падагошко мајсторство Кристална мастилница, Булгаковски час, кој  се одржа во Минск, Република Белорусија. Натпреварот го организираа фондацијата Руски мир, Министерството за образование на Република Белорусија и Меѓународниот педагошки клуб.  Директорката на Перо Наков, Лидија Тасевска истакна дека носат прекрасни впечатоци од престојот кој бил исполнет со многу активности.

-Имавме можност да го посетиме градот да се запознаеме со образовниот систем на Белорусија истовремено да посетиме неколку основни, средни училишта и градинки и да видиме конкретно во какви услови работат наставниците и во какви услови се образовуваат децата  Се надевам дека соработката ќе продолжи затоа што остваривме конкретна средба со директорката на едно од средните училишта така што таа веќе ја доби поканата од моја страна-истакна таа.

Честа да држи отворен час со ученици од Белорусија, кој е посветен на делата и творештвото на познатиот руски писател Михаил Булгаков а воедно и да се натпреварува со 13 колеги од исто толку држави, ја имала  професорката  Биљана Коцевска.  Нејзиното но и останатите предавања ги следело осумчелно  меѓународно жири, составено од специјалисти по руска литература, автори на учебници, писатели. За одличното предавање таа освен меѓународна диплома добила и кристално ѕвоно.

-Натпреварот е малку не обичен бидејќи не се натпреваруваат ученици, туку професори, овој натпревар на свечен начин на голема манифестација беше отворен на 10 ти октомври во културно уметничкиот Дом на Москава во кој претходеше изложба. Беше малку необично да се застане пред руски деца и да се држи час од руска литература. Тука морам да се заблагодарам на директорката и колешката кои ме охрабрија и подржаа да учествувам и резулатот вроди со плод, главните награди беа златна и сребрена кристална мастилница и кристално ѕвоно за учесниците и пофалените-изјави Коцевска.

Во рамки на натпреварот  се одржал и меѓународен младински форум руски јазик основа на интеракција на талентирани млади луѓе. На истиот учесници средношколци од Белорусија, Грузија, Унгарија, Италија, Латвија, Макеоднија, Србија Украина, Шведска, Франција, Холанција и од неколку руски региони, имале можност да снимаат филм за мир.

-Ученичките не претставија многу убаво во снимањето филм работеа 6 дена, беа поделени во осум групи имаа осум идеи за филм. На крај имаа презентација за сите нивни идеи за филмови за мир и сите учесници се претставија со свои национални идеи, има многу позитивни моменти, децата се презадоволни и се надеваме за понатамошна соработка ги чекаме и тие да ни дојдат како гости-додаде Марика Јордановска, професор по математика во Перо Наков.

Учениците од Перо Наков истакнаа дека оваа посета била можност за запознавање со јазикот и културата на Минск.

Во рамки на проектот се одржа и изложба на детски дела според мотиви од делата на Булгаков како и научна конференција посветена на 125 годишнината од раѓањето на Михаил Булгаков и презентација на Булгаковскиот алманах.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)