Делумно започна јавниот превоз во кумановско

Од денеска продолжува да се одвива јавниот превоз за дел од линиите во кумановско.

Повеќе компании меѓу кои „Штуз“, „Оли травел“; „H&M травел“, „Мерван Ком“, „Алекс травел“ и „Јоцо Турс“ ќе го вршат линискиот превоз за вкупно 14 линии и тоа:

– ДППТ ШТУЗ – ПАТНИЧКИ ДООЕЛ за линија бр.1.ПРОЕВЦЕ – БЕДИЊЕ;

– ДТУТУ АЛЕКС ТУРС ДООЕЛ и ДППТУ Н&М – ТРАВЕЛ ДООЕЛ за линија бр.2. ГОРНО КОЈНАРЕ – ДОЛНО КОЈНАРЕ – КУМАНОВО;

– ДППТ ШТУЗ – ПАТНИЧКИ ДООЕЛ за линија број 6 с.РЕЖАНОВЦЕ – КУМАНОВО;

– ДППТУ Н&М – ТРАВЕЛ ДООЕЛ и ДППТ ШТУЗ – ПАТНИЧКИ ДООЕЛ за линија бр.7. КУМАНОВО – БЕДИЊЕ – с.ЛОПАТЕ;

– ДТПУ МЕРВАН – КОМ ДОО за линија бр.9.ЧЕРКЕЗИ – КУМАНОВО;

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО и ДППТУ ОЛИ – ТРАВЕЛ ДООЕЛ за линија бр.10.с.БИЉАНОВЦЕ – БЕДИЊЕ;

– ДППТУ ОЛИ – ТРАВЕЛ ДООЕЛ за линија бр.11.с.УМИН ДОЛ – с.НОВО СЕЛО – с.ЉУБОДРАГ – КУМАНОВО;

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО за линија бр.13.КУМАНОВО – с.РЕЧИЦА

– ДППТУ ОЛИ – ТРАВЕЛ ДООЕЛ за линија бр.14.АВТОБУСКА СТАНИЦА – с.ОРАШАЦ,

– ДТУТУ АЛЕКС ТУРС ДООЕЛ за линија бр.17.КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ (СЛАНИШТЕ);

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО за линија бр.18.КУМАНОВО – с.СКАЧКОВЦЕ;

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО за линија бр.19.КУМАНОВО – с.ПЧИЊА – с.СТУДЕНА БАРА;

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО за линија бр.21.КУМАНОВО – ГРАДИШТЕ – с.ПЕЗОВО – с.КШАЊЕ – с.КОКОШИЊЕ;

– ДСТУ ЈОЦО – ТУРС МС ДОО за линија бр.23.КУМАНОВО – с.КУЧКАРЕВО – с.ГАБРЕШ

Со избраните превозници, за линиите за кои нема покренато жалбена постапка, општината има склучено  Договори за општински линиски превоз на патници.

Линии за кои нема изберено понудувач и е во тек нова постапка по Оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово се следниве:

бр.12.РОМАНОВЦЕ – КУМАНОВО

бр.15.КУМАНОВО – ШУПЛИ КАМЕН

бр.16.КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ – КАРАБИЧАНЕ – С.СОПОТ

бр.20.КУМАНОВО – ЧЕТИРЦЕ

бр.22.КУМАНОВО – с.НОВОСЕЉАНЕ – с.КОСМАТАЦ – с.МУРГАШ

бр.25.КУМАНОВО – ГП ТАБАНОВЦЕ

бр.26. БАЈРАМ ШАБАНИ – БЕДИЊЕ

Постапката за издавање дозволи е запрена за неколку линии поради жалбена постапка и тоа:

бр. ЗЕЛЕН РИД – ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

бр.4.БЕДИЊЕ – с.ДОБРОШАНЕ

бр. 5.ЛИВАДЕ с.КАРПОШ – ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

бр.8.БЕДИЊЕ – с.ТРОМЕЃА

За линиите за кои нема изберено понудувач училиштата можат сами да спроведат постапка за избор на превозник до завршување на истата од страна на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)