Дел од општинарите во нови простории

Се пресели дел од општинската администрација во поранешната зграда на „Козјак“  спроти Градскиот стадион. Новите простории кои што општината ги изнајми за своите потреби веќе ги користат Секторот за инспекциски надзор, Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој и Одделението за јавни набавки. Ова е привремено решение се додека не се изгради новата зграда во која што  ќе бидат сместени сите 10 сектори. Потребата за префрлување на дел од вработените во општината во други простории произлегува од се поголемиот број на работни обврски кои што општината ги добива со процесот на децентрализација, велат надлежните.

-Со процесот  на децентрализација во 2005 година па се до  ден денеска се повеќе обврски ни се натрупуваат ни се префрлуваат,  а од друга страна не ни се обезбедуваат односно не ни се соодветно одговара со она што би значело финансиска помош од страна на централната власт. Не би кажала дека некој треба да донира или нешто да дедае туку со законот не се доволно префрлуваат финансиски средства со кои што би можњело да се извршуваат оние обврски кои се пренесени со процесот на децентрализација на општината. Па поради тоа со оглед на пренесените обврски од страна на централната власт на локално ниво моравме да обезбедиме соодветен број на човечки ресурси,  а нормално е дека и тој број на човечки ресурси бара набавка и обезбедување на нови простории, технички средства и материјални средства со  кои би можеле да создадеме она за што и постоиме всушност да ја извршуваме услугата на најдобар начин спрема граѓаните,  Валентина Алексовска, Секретар на општина Куманово

Во новите простории всушност се префрлени секторите кои што имаат најголем број на обврски и најмногу време поминуваат со странките. Секторот за даноци е сместен на првиот кат во зградата, а општинските инспектори се на вториот. Со ова, се растоваруваат  постојните канцеларии  и се обезбедува  поефикасно опслужување на граѓаните и побрзо решавање на проблемите, велат надлежните.

-Сектори што остануваат во просториите на сегашен катастар, поранешна стара општина се Секторот  за образование, за социјала. Општина Куманово има работи во врска со субвенционирање на трошоците за ѓубре и за вода, освен тоа имаме доста работа и со лицата со попреченост . Во моментот размислуваме и во преговори сме да отвориме уште една канцеларија за граѓаните која што ќе биде како консултативна која ќе нуди правни совети во насока на остварување на социлајните права на граѓаните. Таму се освен овие два сектори и Секторот за евроинтеграција и Секторот за внатрешна ревизија и Фондација за култура и спорт. Во оваа зграда каде што е градоначалникот,  останува Секторот за поддршка на градоначалникот  и на Советот , секторот- единица за финансиски прашања и Секторот за урбанизам, изјави Алексовска.

Граѓаните на Куманово кои што имаат потреба од користење на услугите на Секторот за инспекциски надзор и Секторот за даноци тоа можат да го сторат на улицата „Братство и единство“.

Инаку, 10-те  сектори во општината ги опслужуваат 156 вработени. Освен државните службеници, општината има вработено  уште 50 лица технички персонал и околу 60 вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)