Денеска двете екипи на Куманово против Металург

Денеска на терен ќе излезат и двете ракометни екипи на Куманово – Женскиот клуб ќе игра уште еден контролен дуел со екипата на Металург Скопје, а мажите со истата екипа од главниот град ќе одиграат натпревар од првата рунда во Купот на Македонија. Во терминот од 18.30 часот, МРК Куманово гостува кај Металург откако првично беше одлучено средбата да се игра на домашен терен, но во нашиот град нема спортски објект кој ги исполнува условите на ракометната федерација. Машкиот тим моментално е дел од Втората лига и е во „пролетната фаза“ пред плеј-оф средбите кои водат во елитата. Доколку Куманово успее да слави против скопскиот гигант, кој најверојатно ќе излезе во променет состав со играчи од клупата, ќе биде дел од група со други три клубови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)